Велешанецот Костадин Петров имаше одлично деби за својот клуб Сучеава. Петров беше еден од клучните играчи на романскиот клуб, каде што неговиот тим издвојуваше минимална победа со еден гол разлика над екипата на Решица.
Петров во својот деби натпревар постигна еден гол, а изнуди и четири седмерци, од кој еден беше клучен во 59. минута.
28-годишниот пикер за романски Сучеава има потпишано договор на една година. Петров претходно ги бранеше боите на шпанска Гвадалхара.
Следен натпревар екипата на Сучеава игра со ЧСМ Букурешт.
Можеби ќе ве интересира: