Реклама

АЛАРМАНТНО: Велес меѓу градовите со најголем број заразени во последното деноноќие

veles mladinski

Со 34 новозаразедни во едно деноноќие, Велес е на третото место по бројот на инфицирани во земјава во поеследните 24 часа. Ова е нов црн рекорд на новоинфицирани велешани досега. Во истиот период Велес брои и тројца починати и деветмина оздравени пациенти.

Zito akcija 640x289px

Во последното деноноќие во земјата се регистрирани нови 628 случаи со коронавирус, а починаа 15 пациенти. Откако се направени 2236 тестирања, најмногу позитивни на вирусот се откриени во Скопје 353. По него следува Прилеп со 36, па Велес со 34 новозаразени. Следуваат Тетово и Куманово со по 33, Битола со 28, Струмица со 20, Охрид со 17, Штип со 13 и Струга со 11 нови случаи.

Agria

Останатите градови имаат едноцифрен број новозаразени и тоа, во Кавадарци и Гостивар по седум, во Крива Паланка, Кичево и Свети Николе по шест, Делчево четири, Пробиштип три, Радовиш, Македонски Брод, Неготино и Берово по два и Демир Хисар, Ресен и Виница по еден нов случај на заразен со коронавирус.

Починаа 15 лица, седум пациенти од Скопје на76, 63, 84, 82, 75, 80 и 85-годишна возраст, тројца пациенти од Велес на 41, 86 и 57-годишна возраст, двајца пациенти од Гевгелија на 60 и 51-годишна возраст, еден од Ресен на 70-годишна возраст, еден од Делчево на 59-годишна возраст и еден пациент од Охрид на 87-годишна возраст.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 531 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 238.011 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27827, бројката на оздравени пациенти е 19479, на починати е 949, а бројот на активни случаи изнесува 7399.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/14754/premierot-zaev-negativen-na-kovid-19/