Кавадарчанец загина откако тракторот му излетал од патот

трактор
трактор

Кавадарчанец на 37-годишна возраст загина вчера, откако управувајќи трактор, излетал од патот. Несреќата се случи околу 16 часот, во близина на кавадаречкото село Крњево.

„На 27.10.2020 во 16.10 часот било пријавено дека на локалниот пат кон с.Крњево, при  вкрстувањето со локален пат за с.Барово, кавадаречко, трактор марка „ИМТ 533“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.Н.(37) од Кавадарци, излетал од коловозот. Г.Н. починал на местото на незгодата“, соопшти полицијата.

Agria

Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: