Реклама

Османи: Има консензус во ЕУ за датум за преговори со Македонија

Постигнат е консензус во ЕУ за одлука за почнување преговори со Република Северна Македонија – безусловна и со барање  за одржување на првата меѓувладина конференција веднаш по одобрување на преговарачакта рамка, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Zito akcija 640x289px

Одлуката, посочи Османи, очекуваме денеска да се потврди, а понатаму на 24 март да се официјалира од страна на министрите за Европа и за надворешни работи на ГАК и потоа на самитот на лидерите на ЕУ предвиден за 26 март во вид на видео-конференција.

Agria

– Ова е исклучително добра вест, не само затоа што претставува постигнување на консензус од сите 27 земји членки по сите разлики кои постоеа во последните 15 години и навистина претставува историски момент за државата. Сепак, денеска и во наредните денови треба истата и формално да се потврди, изјави Османи. Позитивната вест од Брисел, како што информира Османи доаѓа по средбата на постојаните претставнци на земјите членки на ЕУ на која било разговарано и за проширувањето