Велешанец на 78-годишна возраст почина синоќа на инфективното одделение во велешката болница. Тој бил примен во тешка состојба, а имал позитивен тест на коронавирус, велат од велешката болница.
„Пациентот е примен во болница пред два дена во тешка општа состојба, со мозочно крварење и позитивен тест на ковид-10“, рече др. Весна Николовска Неделкова. портпарол на Општа болница Велес.
Починатиот велешанец е 29 жртва на коронавирусот во овој град, а 15 смртен случај последните девет дена.
Од велешката болница информираат дека во моментов на инфективното одделение се хоспитализирани 41 пациент, од кои 36 се со потврден позитивен тест, а шестмина се сомнителни на ковид-19. Во меѓувреме, честоврица пациенти се изпишани од болница како оздравени.
Вчера беше регистриран уште еден смртен случај во Велес, откако почина 65-годишен пациент, а регистриран е и рекорден број заразени во Велес, откако Министерството за здравство објави дека 38 велешани се меѓу новоинфицираните.
Можеби ќе ве интересира: