Реклама

Поради заразени вработени, велешката фабрика „Ронтис“ привремено ја затвора фабриката

Фабриката за медицинска опрема „Ронтис“ од Велес привремено ја затвора фабриката. Причината е тоа што се откриени неколку заразени вработнени, откако, поради зголемениот број позитивни случаи на ковид-19 во Велес, фирмата на сопствен трошок решила превентивно да тестира дел од своите работници.

Zito akcija 640x289px

Фабриката ќе биде затворена 10 дена, а за тој период на вработените ќе им бидат исплатени плати, како да доаѓале на работа, соопштуваат од „Ронтис“.

Agria

„Во интерес на здравјето на сите наши вработени, нивните семејства и јавното здравје, веднаш по добивањето на резултатите, Ронтис како општествено одговорна компанија, одлучи привремено целосно да ја затвори фабриката. Сите вработени ќе бидат исплатени во целост, како да доаѓале на работа. Планирано е повторно да се отвори фабриката на 10-ти Ноември 2020 година, по претходно организирано тестирање на сите вработени, повторно на трошок на компанијата, и вонредно специјално дезинфицирање на фабриката. Доколку се случи и на ова тестирање да се појават вработени кои се позитивни на Covid-19, тие ќе бидат изолирани, а останатите вработени ќе почнат со работа“, велат од „Ронтис“.

Вработените кои што се позитивни на вирусот, се чувствуваат добро и се без никакви симптоми. Од „Ронтис“ апелираат на држење дистанца, одржување на хигиена и останување дома.

Rontis3

„На нашите колеги и сограѓани кои се борат со овој вирус, им посакуваме што поскоро закрепнување, а сите останати да останеме безбедни и во добро здравје“, велат од „Ронтис“.

На почетокот на пандемијата кај нас, фабриката „Ронтис“ на два пати произведе медицинска опрема и визири, кои ги дoнираше на велешките здравствени работници.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/14873/koczevski-razmisluvam-da-pobaram-karantin-za-veles/