Дури 82 велешани заразени со коронавирус во едно деноноќие

Veles naslovna 997-485
Veles naslovna 997-485

Велес урна уште еден црн рекорд и станува ново жариште на коронавирусот. Во последното деноноќие се регистрирани 82 новозаразени велешани со коронавирус, дознава Батали.нет од извори во Министерството за здравство . Со нив, во моментов во Велес има 337 активни случаи.

Zito akcija 640x289px

За само три дена во Велес се регистрирани 173 новоинфицирани, со што бројот на вкупно инфицираните од почетокот на пандемијата досега изнесува 719. Од нив, повеќе од половина или точно 397 граѓани се заразија само во тековниов месец октомври. За десетина дена во велешката болница починаа 15 пациенти, а вкупниот број починати е 29 велешани.

Agria

Кризниот штаб на Велес денеска состојбата со вирусот во градот ја оцени како крајно алармантана, а градоначалникот Аце Коцевски најави дека доколку бројките продолжат да растат, размислува да предложи карантин за градот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: