Реклама

Спасовски: Нема нови ограничувања во движењето, постарите луѓе да не излегуваат од дома

Oliver Spasovski

Со воведувањето на вонредна состојба нема да замре животот. Граѓанските права и слободи не се ограничуваат по автоматизам, се ќе функционира како и вчера, пред вонредната состојба. Не сме донеле нови ограничувања во движењето. Исклучок од ова се општините Дебар и Центар Жупа, рече на денешната прес конференција премиерот Оливер Спасовски.

Zito akcija 640x289px

Тој им порача на постарите лица да не излегуваат од дома.

Agria

„Родители баби и дедовци останете дома. Препораката е серизна. Доколку имате потреба обратете се до Општината каде има волонтери кои ќе ви помогнат или до Црвениот крст“, порача Спасовски, додавајќи дека лицата кои имаат и најмали симптоми потребно е итно да се јават на телефоните на Центрите за јавно здравје, кои веќе се достапни за јавноста, рече Спасовски.

Техничкиот премиер Спасовски порача дека по прогласувањето на вонредната состојба, Владата е уште повеќе сплотена и одговорно ги извршува своите задачи.

„Одлуките се во насока колку што е можно помалку да и наштетат на економијата и стопанството, одржливост на компаниите и сочувување на работните места на граѓаните. Ве уверувам дека вонредната состојба ќе ја совладаме на најдобар можен начин, почитувајќи ги сите законски прописи за спречување на ширење на коронавирусот“, рече Спасовски, нагласувајќи дека секое непочитување на мерките ќе биде најстрого санкционирано.

На прес конференцијата се обрати и министерката за правда Рената Дескоска, која рече дека самото прогласување на вонредна состојба, не значи забрана на движење, не значи ограничување. Според неа, прогласувањето вонредна состојба било неопходно за Владата да добие можност за ефикасно регулирање на прашањата, за да се справи поефикасно со епидемијата, но исто така да се помогне на економскиот живот на државата. За неа вчерашната одлука за воведување вонредна состојба била најтешката која ја донела во својот живот.

„Поминавме една ноќ во вонредна состојба, не беше ништо поразлично од она што беше воведено претходно. Она што е различно од вчера е можноста на Владата да носи уредби со законска сила. Одлуката со која се утврди вонредната состојба има важност 30 дена, ситуацијата ако се смири, вонредната состојба може да се укине, а може да се продолжи доколку ситуацијата се влоши. Нашата заедничка заложба е ограничувањето на правата да биде минимално и само нужно. Колку ние повеќе се придржуваме на мерките изречени до сега, толку побрзо ќе ја пребродиме оваа криза, и нема да требаат нови мерки. Затоа апелирам да ги почитуваме мерките и препораките на министерството за здравство и Владата, за да нема потреба од построги ограничувања“, рече Дескоска.

Погледнете ја целата прес конференција: