Сè уште се трага по преживеани по вчереашниот земјотрес во Турција

zemjotres turcija
zemjotres turcija

Најмалку 26 жртви однесе вчерашниот силен земјотрес, кој го погоди егејскиот брег на Турција и источниот грчки остров Самос, а повредени се повеќе од 800 луѓе, пренесува новинската агенција АП. Спасувачките и медицински екипи се во потрага по преживеани во разурнатите згради во Измир, трет по големина град во Турција, кој е најмногу погоден во земјотресот.

Zito akcija 640x289px

Вчерашниот земјотрес со јачина од 6,6 степени сруши згради во Измир, третиот по големина град во Турција, и предизвика мало цунами во областа Шеферихисар и на островот Самос. По силниот земјотрес имаше и стотици афтершокови.
Најмалку 25 луѓе загинаа во Измир, вклучувајќи и постара жена, која се удави, според турските власти. Двајца тинејџери загинаа на островот Самос.

Agria

Малото цунами што го погоди турскиот брег на Егејското море ги поплави улиците во градот Вати, а властите ги предупредија граѓаните да одат подалеку од брегот и од потенцијално оштетените објекти.

Можеби ќе ве интересира:

Ковид состојбата урива рекорди од ден на ден

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: