Момче на 27-годишна возраст од Куманово почина на Инфективната клиника во Скопје. Пациентот немал претходни заболувања велат од Министерството за здравство, освен покачена телесна тежина. Поради влошената здравствена состојба 27. годишниот пациент бил префрлен на инфективната клиника во Скопје.
„Пред да биде донесен на Клиниката, 6 дена се лекувал дома, 4 дена бил под надзор на матичен лекар, а 2 дена бил лекуван амбулантски во Кумановската болница. Поради нагло влошување на состојбата и пад на сатурацијата до 50% пациентот е префрлен на Клиниката во Скопје во исклучително тешка состојба, каде беше ставен на неинванзивна вентилација.“, велат од министерството за здравство.
Инаку, во текот на вчерашниот ден како последица од Ковид-19 згасна уште еден млад живот на Инфективната клиника во Скопје.
Можеби ќе ве интересира: