Реклама

Бројот на активни случаи со ковид-19 во Велес надмина 500

Речиси е исполнет капацитетот на инфективното одделение во велешката болница. Вкупно 50 пациенти се хоспитализирани, а остануваат уште четири слободни кревети.

Zito akcija 640x289px

Од нив, 45 пациенти имаат позитивен тест на коронавирус, а петмина се водат како сомнителни случаи. Во моментов 16 пациенти имаат потешки симптоми и добиваат кислородна поддршка. Еден пациент денеска е префрлен во клиниката Жан Митрев.

Agria

И вчера Велес бележеше рекордни бројки на заразени, кога во последното деноноќие беа регистрирани 79 случаи со коронавирус, со што бројот на активни случаи во градот ја надмина бројката 500. Отакако денеска со два последнователни негативни теста се испишани двајца пациенти, точно 503 граѓани во моментов се зареазени со коронавирус.

Од почетокот на пандемијата до денес, вкупно 924 велешани се заразија со коронавирус. Сепак, можно е вистинската бројка да е над илјада, бидејќи има пациенти, кои со симптоми, го прележаа во домашни услови, без да се тестираат. Досега се регистрирани 385 оздравени пациенти, а 34 ја загубија битката со вирусот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15126/policzijata-aktivna-na-teren-sanczionirani-golem-broj-na-gragani-po-odnos-na-merkata-za-nosene-maska/