Во последните 24 часа во Италија се потврдени нови 34.505 случаи на Ковид-19, што е најголем број на случаи за еден ден од почетокот на пандемијата.
Во истиот период 445 лица починале како резултат на вирусот, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 40.192, пренесува угледниот „Ројтерс“.
Италија стана шеста земја во светот во која бројот на смртни случаи достигна 40.000.
Досега во Италија од почетокот на епидемијата на коронавирусот се регистрирани вкупно 824.879 лица.
Можеби ќе ве интересира: