Реклама

Велешката болница полна со пациенти со ковид-19

bolnica veles

Полна со пациенти заразени со коронавирус е велешката болница. На инфективното одделение нема повеќе слободни болнички кревети. Во моментов таму се хоспитализирани 54 пациенти, од кои 51 имаат потврден позитивен тест, а тројца се сомнителни случаи. Повеќе од една третина или вкупно 20 пациенти имаат потешки симптоми и добиваат кислородна поддршка.

Zito akcija 640x289px

Полно со пациенти е и интерното одделение. Таму се лекуваат 15 пациенти, од кои петмина имаат потврден позитивен тест, четворица се сомнителни случаи, а шест пациетни имаат негативни тестови, но имаат потешка клиничка слика и сеуште им е потребно болничко лекување, велат од велешката болница. На интерното одделение тројца пациенти добиваат кислородна поддршка.

Agria

На 34-годишен пациент од Свети Николе вчера му се влошила состојбата, па денеска е префрлен на лекување во клиниката Жан Митрев. Тој бил хоспитализиран во велешката болница пред три дена.

„Поради исполнетиот капацитет на Клиниката за инфективни болести, пациентот е однесен во клиниката Жан Митрев во договор со семејството. Имаме информација дека и таму морало да се чека да се ослободи место, па да биде транспортиран“, рече др. Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.

Граодначалникот на Велес Аце Коцевски, кој воедно е и прв човек на Општинскиот кризен штаб, на денешната прес конференција најави дека интензивно се подготвува одделението за физикална терапија да прими ковид пациенти.

Од велешката болница информираат дека од минатата недела во Ковид центарот на инфективното одделение, покрај дерматовенеролог и интернистите од болницата, самоиницијативно се вклучи и велешкиот специјалист – кардиолог др. Атанас Ѓорѓиевски, кој е вработен во приватната установа Медикус од Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15215/sostojbata-so-koronavirusot-vo-veles-e-alarmantna/