
Крајно е сериозна ситуацијата со коронавирусот во Велес. Денес има 45 нови случаи на ковид 19, со што бројката на активни случаи во градов се искачи на 609.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 1128 нови случаи на ковид-19.
Состојбата по градови изгледа вака:
Скопје-569, Куманово-51, Дебар-12, Штип-35, Прилеп-43, Тетово-50, Струга-16, Велес-45, Битола-57, Охрид-38, Кавадарци-35, Гостивар-10, Гевгелија-14, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-11, Крушево-2, Кочани-22, Пробиштип-5, Демир Хисар-5, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-4, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-8, Кичево-27, Ресен-7, Неготино-8.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 307 оздравени пациенти, починати се 12 лица, четворица пациенти од Скопје (63, 75, 44 и 68г), двајца од Битола (44 и 72г), еден од Куманово (70г), еден од Прилеп (59г), еден од Охрид (68г), еден од Струмица (76г),еден од Радовиш (58г) и еден пациент од Кичево (63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 37499, бројката на оздравени пациенти е 22835, на починати е 1096, а бројот на активни случаи изнесува 13568.
Можеби ќе ве интересира:
