(ВИДЕО) Борец го „торпедираше“ Пелистер, Ристовски брилијантен

borec - pelister

Битолски Пелистер продолжува да тоне на табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако е без победа цели пет натпревари во низа. Иако се очекуваше дека пелистерци денес во Велес се подготвени да стават крај на лошата серија, тоа не се случи, затоа што Борец одигра уште поквалитетно и поорганизирано и заслужено извојува победа од 3-0 (1-0). Оваа радост ја обезбеди денес расположениот Марјан Ристовски со два прекрасни гола, по еден во двете полувремиња. 

Zito akcija 640x289px

Стартот на натпреварот не донесе некои поголемо возбудување, затоа што двете екипи тргнаа резервирано и без некои напаѓачки амбиции. Главната битка се биеше на средината на теренот, а за посериозна шанса се чекаше на кикс на противникот или пак прекин. Прв се закани домашниот тим, откако Прелчец го глава биеше само во добро поставениот Талески, додека на спротивната страна непрецизен удар со глава имаше и дефанзивецот Илиески. 

Agria

Во почетниот состав на Горазд Михајлов по извесен период се врати бразилскиот офанзивец Фернандо Силва, кој на еден начин ја контролираше играта на велешани и речиси секој напад започнуваше токму од него. Така беше и во 29. минута кога најпрво издржа еден дуел со Спиркоски и искусно го проигра Ристовски кој се ослободи од својот чувар и ја закова топката во битолската мрежа. До крајот на првиот дел Борец искусно го чуваше водството и не дозволи Пелистер да се разигра и да го нападне голот на Мустафа.

Борец и на овој натпревар ја имаа поддршката од своите фанови, кои покрај стадионот неуморно ги бодреа домашните фудбалери во текот на сите 90 минути и му ја даваа потребната поддршка, за што подобра претстава против тврдиот Пелистер. 

Вториот дел започна речиси идентично како и првиот, со голема борба на средината на теренот и многу прекини на двете страни. Во 59. минута Илиески од слободен ја имаше првата посериозна шанса за израмнување на резултатот, но неговиот удар заврши за малку над домашниот гол. Со оглед на водството, велешани како да не сакаа да преземат некој поголем ризик и мудро се бранеа и чекаа преку контра да го нападнат Пелистер, а по една таква ситуација нововлезениот Десниќ биеше млако, но Талески впиша нова интервенција. 

Како одминуваа минутите, така Пелистер сè повеќе се отвораше со цел да стигне до посакуваниот гол за израмнување. Но, не само што тоа не се случи, туку во 77. минута Ристовски повторно со прекрасен удар на втора статива стави крај на сите надежи на битолчани и зголеми на 2-0.

Но, тоа не беше сè од репертоарот на момците на Михајлов, кои во самиот финиш по една одлична тимска акција го „потопија“ Пелистер и стигнаа до убедлива победа од 3-0. Стрелец на последниот гол на натпреварот во Велес беше Десниќ во 84. минута.

Во следното коло кое на програмата е дури по репрезентативниот прозорец, Борец го пречекува Вардар.

Со новата победа, Борец се зацврстна на 4. место на табелата со 19 бода, колку што има и третопласираната Македонија Ѓ.П., но оваа екипа својот натпревар ќе го игра утре.

Преземено од gol.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: