Реклама

Нови шест заразени од коронавирус во македонија

Министерот за здравство Венко Филипче на својата фејсбук страна објави дека се откриени шест нови случаи на заразени од коронавирус.

Zito akcija 640x289px

Станува збор за четиригодишно девојче од Штип, кое се вратило од Англија. Нови три случаи се регистрирани во Дебар.

Agria

Едно лице од Скопје, кое најверојатно имало контакт со веќе инфицираните и едно лице од Гостивар се, исто така, меѓу заразените.

Жената од Гостивар се вратила од Швајцарија и најверојатно таму имала контакт со заразен со коронавирус.