Реклама

Без паника: Пандев, Елмас и Несторовски доаѓаат во Скопје!

pandev i nestorovski

Италијанските медиуми јавуваат дека дел од клубовите нема да им дозволат настап на своите играчи да настап за репрезентациите, проблем е протоколот во Италија поради коронавирусот.

Zito akcija 640x289px

Горан Пандев, Елиф Елмас и Илија Несторовски наводно се под знак на прашање, но сепак капитенот на македонската репрезентација и неговите двајца соиграчи од репрезентацијата кои настапуваат во калчото, ќе се појават на собирот на репрезентацијата во Скопје.

Agria

Правилата на УЕФА се јасни и во услови на пандемија, репрезентативците мора да се јават на подготовки, клубовите немаат право да ги стопираат.

Наспроти пишувањата на дел од италијанските медиуми за забрана на интернационалците од Џенова, Интер, Сасуоло и Лацио за приклучок на репрезентациите поради коронавирусот, од таборот на македонската репрезентација нагласуваат дека македонските репрезентативци утре и дефинитивно доаѓаат во Скопје, меѓу нив и Горан Пандев.

„Локалните здравствени авторитети донесоа забрана за фудбалерите од Фиорентина, Џенова, Интер, Лацио, Рома и Сасуоло да се приклучат на националните тимови за време на паузата во Серија А, затоа што по враќањето ќе мора да минат потоа извесен период во карантин“ – пренесоа дел од италијанските медиуми.

Сепак, од македонската репрезентација категорично потенцираат дека досега нема откажување од ниту еден репрезентативец. Претходно се тврдеше дека и Наполи не сака да го ослободи Елиф Елмас, но потврдено e дека и еден од најголемите македонски фудбалски таленти доаѓа во Македонија.

Ова значи дека Пандев, Елмас и Несторовски ќе бидат на располагање на селекторот Игор Англеовски за историскиот дуел против Грузија во четврток во Тбилиси.

Во Скопје треба да пристигне и Аријан Адеми од Динамо Загреб по што ќе биде утврдена тежината на повредата која ја заработи денеска, и можноста дали ќе биде подготвен за настапот против Грузија во Тбилиси на 12. ноември.

Подготовките на македонската фудбалска репрезентација започнуваат од утре.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15251/video-borecz-go-torpedirashe-pelister-ristovski-brilijanten/