Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-9 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 02.11.2020 година.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката од 02.11.2020 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,365 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 02.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,196 ден/кг.
Можеби ќе ве интересира: