Владата забрани групирање на повеќе од четири лица на јавен простор во текот на целиот дел

veles
veles

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе повеќе одлуки и заклучоци кои се однесуваат на мерките за спречување и заштита од ширењето на коронавирусот КОВИД-19 и од својата Програма за работа и од интерес за граѓаните.

Zito akcija 640x289px

Владата на денешната седница донесе одлука за забрана за собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор и наместо по 21:00 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана.

Agria

„Владата на денешната седница донесе одлука за забрана за собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или каде било на отворен простор и наместо по 21:00 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана“, соопштија од Владата.

Во однос на одлуките поврзани со ковид-19, на денешната седница се официјализирала и одлуката за ангажирање на поранешните припадници на Армијата за обезбедување на болниците.

За таа цел, ќе се ангажираат поранешните армиски службеници кои имаат над 45 години.

„Беше одлучено и Министерството за одбрана, за потребите на Министерството за здравство во справување со последиците од заразната болест ковид-19 за определен временски период да отстапи одреден број санитетски возила“, додаваат од Владата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: