Засега не се размислува за воведување на полициски час, ниту викенд карантин, вели министерот за здравство Венко Филипче. И покрај објавите во дел од медиумите дека неделава членовите на Комисијата за заразни болести ќе разговарале за ограничување на движењето во ноќните часови, од 21 до 5 часот наутро, министерот на став оти состојбата со корона вирусот се следи, а мерките кои Владата ги донесе очекувал да дадат резултат.
Тој додаде дека мерката за забрана на групирање нема да важи на места како пазар и јавен превоз, и секаде каде што веќе има јасни протоколи за работа, како спортски натпревари.
Според него, доколку има потреба може да се воведат рестрикции во одредени региони, прекинување на меѓуградскиот и општинскиот превоз, но повтори дека засега нема потреба од тоа.
Mожеби ќе ве интересира: