Според информациите од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ станува збор за земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот кој се случил во 4 часот и 54 минути бил почувствуван на цела територија на Македонија. Епицентарот се наоѓал 50 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.
Потресот е најсилно почувствуван во Тетово и Гостивар, но и во Скопје, Прилеп и Битола.Нема информации за материјална штета.
Moжеби ќе ве интересира: