Проблеми за селекторот Игор Ангеловски откако утрово фудбалерите Кире Велковски и Кире Ристевски добија позитивни тестови за Ковид-19, па тие сега нема да можат да му помогнат на нашиот национален тим.
Според порталот gol.mk неизвесен за настап е и Енис Барди, кој се пожалил на болки во градите, но сепак фудбалерот на Леванте ќе допатува во Тбилиси.
Националниот тим со чартер лет од скопскиот аеродром денеска во 10 часот заминува за Грузија. Фудбалската репрезентација на Македонија утре го игра историскиот натпревар против репрезентацијата на Грузија за пласман на европското првенство.
Можеби ќе ве интересира: