Коста Петров од денеска е новиот директор на Фондот за иновации и технолошки развој. Петров доаѓа на местото на досешаниот директор Јован Деспотовски.
Петров на македонската јавност и е познат како потпретседател на СДСМ, потоа во работата во приватниот сектор, и како основач на Пи Ворлд.
„После 15 години работно искуство во приватниот сектор, од кои 10 години како основач и директор на Пи Ворлд, време е за нови предизвици“, пишува Коста Петров.
https://www.facebook.com/kosta.petrov.313/posts/10157234776687041Петров пишува дека иновациите и развојот на технологии мора да ја заземат централната улога во нашата развојна економија, а ФИТР ќе биде двигател на оваа трансформација.
„ФИТР ќе продолжи да инвестира во иновацискиот развој на компаниите, работејќи на создавање нови квалитетни работни места и придонесувајќи кон развојот на македонската економија“, вели Петров.
Можеби ќе ве интересира: