Секој трет граѓанин чиј резултат од тестот е објавен денеска, е позитивен на коронавирус. Во последните 24 часа се регистрирани вкупно 1321 случаи, што е рекордно најмногу позитивни на ковид-19 во еден ден во земјава. Тие се откриени, откако се направени 3836 тестирања.
Откако неклолку дена во Велес се намали бројот на новозаразени, денеска повторно тој се искачи на високи 64 нови случаи. Најмногу новорегистрирани има во Скопје 583. Во Киманово се регистрирани 100 случаи, што е прв пат од почетокто на пандемијата некој друг град во земјава, освен Скопје да има троцифрен број новозаразени.
Во Тетово се регистрирани нови 80 случаи, следува Велес со 64, Прилеп со 57, Битола 50, Гостивар 46, Штип 40, Кичево 35, Охрид 31, Кочани 29, Неготино 24, Кавадарци 23, Гевгелија 22, Струмица 15, Струга и Виница по 13, Дебар и Свети Николе по 12, Демир Хисар и Ресен по 10, Крива Паланка девет, Крушево осум, Пробиштип и Делчево по шест, Радовиш и Пехчево по пет, Валандово и Кратово по четири, Берово три и Македонски Брод два нови случаи.
Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (65, 50, 65, 72, 76, 60 и 80г), двајца од Штип (64 и 50г ), еден од Прилеп (66г), еден од Тетово (71г), двајца пациенти од Струга (66 и 59г), еден од Велес (68г), двајца од Битола (55 и 57г), тројца пациенти од Охрид (77, 63 и 80г), еден од Кавадарци (71г), еден од Гостивар (73г), еден од Струмица (62г), еден пациент од Крива Паланка (57г), двајца од Радовиш (82 и 72г) и еден пациент од Делчево (71г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 433 оздравени пациенти од кои 11 во Велес.
Досега во земјата се направени вкупно 279.770 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 42540, бројката на оздравени пациенти е 25353 на починати е 1212, а бројот на активни случаи изнесува 15975.
Можеби ќе ве интересира: