Словенија денес воведува низа нови ограничувања за да се обиде да спречи ширење на ковид-19 и тие ќе бидат на сила во следните две недели.
Со цел да се ограничи ширењето на коронавирусот и да се зачува здравствениот капацитет, словенечката влада донесе мерки, вклучително и запирање на јавниот превоз и забрана за секаков собир на луѓе кои не се членови на исто семејство или заедничко домаќинство.
Забранети се какви било заеднички прослави, верски церемонии, а свадбите се дозволени, но без свадбени церемонии, на лица кои ќе добијат специјална дозвола од Министерството за јавна администрација.
Наставата во училиштата сè уште се на далечина односно онлајн, а градинките ќе продолжат да бидат затворени, освен за децата на вработените во службите за итни случаи.
Бидејќи ситуацијата со развојот на епидемијата е критична во сите соседни земји, донесена е одлука за укинување на правото да се оди во странство за 48 часа и да се врати без карантин или негативен тест за ковид-19 за луѓе кои имаат имот во странство.
Можеби ќе ве интересира: