Велес е повторно при врвот по бројот на заразени од коронавирус во едно деноноќие. Вкупно 44 нови случаи се регистрирани во последните 24 часа. Повеќе од Велес имаат само Скопје – 541, Куманово – 57, Тетово – 57 и Штип – 46, градови кои или се поголеми или имаат приближно ист број жители.
Со новите заразени, во Велес од почетокот на епидемијата има 1356 заразени, од кои 577 оздравеа, а 740 се сè уште активни случаи. Досега починаа 39 пациенти од Велес.
Во последните 24 часа во земјава се направени 3096 тестирања, а регистрирани се 1064 нови случаи на ковид-19. Осмен споменатите градови, во Битола има нови 43 случаи, Охрид 33, Кавадарци и Кичево по 25, Прилеп 24, Струга и Струмица по 23, Свети Николе 17, Гостивар и Радовиш по 12, Гевгелија 11, Кочани и Неготино по 10, Крива Паланка 8, Пехчево 7, Ресен 6, Пробиштип, Македонски Брод и Дебар по 4, Берово, Валандово, Виница и Делчево по 3 и Крушево, Демир Хисар и Кратово по 2.
Починати се 25 лица, тројца пациенти од Скопје (62, 82 и 75г), тројца од Тетово (46, 77 и 83г), двајца од Прилеп (71 и 79г), еден од Крушево (40г), пет пациенти од Куманово (34, 49, 49, 66 и 62г), четири пациенти од Битола (71,72, 73 и 75г), еден пациент од Гостивар (65г), еден од Кавадарци (69г),еден од Крива Паланка (75г), еден пациент од Струмица (70г), еден пациент од Валандово (60г), еден пациент од Пехчево (69г) и еден пациент од Свети Николе (68г). Од нив, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 507 оздравени пациенти од кои 39 во Велес.
Досега во земјата се направени вкупно 286.181 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 44898, бројката на оздравени пациенти е 26289, на починати е 1263, а бројот на активни случаи изнесува 17346.
Можеби ќе ве интересира: