Реклама

Воздухот во Велес петти ден по ред енормно загаден – општината со препораки до граѓаните

Veles crkva

Воздухот во Велес речиси секој ден е загаден високо над дозволените граници, покажуваат мерните станици. Тоа посебно е изразено од 11 ноември па до денес, кога вредностите на ПМ10 честички не паднаа под 100 милиграми на метар кубен, што е горна граница, односно максимално дозволена концентрација на штетни честички.

Zito akcija 640x289px

Поради ова, Општина Велес излезе со препораки до граѓаните, за да се заштитат од енормно загадениот воздух.

Agria

„На граѓаните и препорачуваме да го користат јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, а повеќе лица да се возат со едно возило во исто време. Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал. Рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено. Правилно да се користат печките за дрва, да се користи суво не влажно огревно дрво и редовно да се чистат оџаците. Да се одложат сите активности на отворено“, препорачиваат од Општина Велес.

Доколку има надминување на прагот на алармирање во текот на два последователни дена над 175 μg/m3, од Оппштина Велес велат дека ќе преземат дополнителни вонредни мерки, за што јавноста навремено ќе биде информирана.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15551/foto-deset-luge-zaginaa-pri-pozhar-otkako-se-zapali-kovid-bolnicza-vo-romanija/