Тројца пациенти починаа во велешката болница како последица од компликации од коронавирус. Двајца од нив починаа синоќа, а еден утрово.
Битката со коронавирусот вчера ја загуби маж на 89-годишна возраст од Велес и светиноколчанец на 68 години. Денеска почина велешанец на 51-годишна возраст.
Во велешкатата болница денеска има 79 пациенти хоспитализирани поради коронавирус. Од нив 67 се со позитивен тест, седуммина се сомнителни, а петмина се негативни на вирусот, но имаат потреба од хоспитализација.
Инфективното одделение е целосно исполнето и во него се хоспитализирани 54 пациетни. На одделението за физикална терапија има 10 пациенти, а на интерното одделение се лекуваат 15.
Во моментов во Велес има 773 активни случаи со коронавирус. Од почетокот на пандемијата се заразија вкупно 1444 велешани, од кои 630 се излечија, а животот го загубија 41 пациент.
Можеби ќе ве интересира: