Се спроведува истрага дали има вина кај сестрите за смртта на 41 годишна пациентка

Infektivno Stip
Infektivno Stip

Во борба за воздух, така ги поминала последните часови 41 годишната беровчанка Руменка Довичинска, која пред два дена почина на штипска инфективна. Била позитивна на корона вирус и починала како последица на тешка форма на бронхопнемонија што ги зафатила двете белодробни крила.

Zito akcija 640x289px

Хоророт за семејството почнал кога по нејзината смрт го провериле мобилниот телефон и сфатиле дека Руменка буквално молела за кислород. Според нејзината ќерка Михаела, само во ноќта пред да почине за неколку минути ѕвонела десетпати на бројот меморинан како „сестри“, а пратила и две пораки од кои последната е ,,Боца кислород треба горе во четворката,,

Agria

„Јас навистина ги разбирам дека ти не можат со нас да разговараат постојано на телефон и дека не сме единствени. Има уште милион други што ги барале и знам дека треба да работат. Но не можам да да се помирам со фактот дека не биле достапни за мајка ми кога и требаа.“ изјави во телефонски разговор за ТВ 24 Михаела Довичинска, ќерка на починатата Руменка.

Инспекторите од Државниот и здравствен санитарен инспекторат од утринава се во штипската болница. Утврдуваат имало ли пропусти во лекувањето на Руменка.

Во телефононска изјава директорот Ален Георгијев рече дека немаат друг систем на алармирање за пациентите, па затоа ако имаат потреба од медицинска помош тие ги користат мобилните телефони. Откако ќе добијат повик  медицинските лица  треба да облечат полна заштитна опрема и да влезат во болничката собра од каде стигнал повикот. Дали било така ќе покаже истрагата на инспекторите и внатрешната Комисија за здравствени и етички прашања.

„Сметаме дека во моментот е коректно да ги почекаме извештаите. По нивното добивање ќе имаме појасна слика за случајот и дали имало евентуални пропусти“ пишува во соопштението од штипската Клиничка болница.

Во краткиот телефонски разговор за ТВ 24 Михаела рече дека таа не бара одговорност од никого. Само не и јасно како може бројот за пациенти на одделението да биде ист како тој на кој роднините се јавуваат да прашат за нивната состојба. Вели дека статусот го напишала за да се смени нешто за да биде сигурна и да знае дека случајот на нејзината мајка ќе биде последен. А на инфективните одделенија ќе има телефон на кој ќе ѕвонат само пациентите  и никој никогаш повеќе нема да моли за кислород.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: