До крајот на годината унгарските граѓани и фирми нема да плаќаат рати за кредити. Унгарската влада одлучи да ги запре плаќањата, објави весникот Hungary Toден..
Владата на Виктор Орбан, исто така, одлучила до 30 јуни да ги продолжи краткорочните кредити на претрпијатијата, а за новите кредити ги ограничила вкупните трошоци на кредитите. Компаниите за туризам, угостителство, забава, спорт и култура, како и таксистите, нема да ги плаќаат придонесите за платите на вработените до крајот на годината.
Народната банка на Унгарија побара од банките да сопрат да издаваат хипотекарни кредити и веднаш да запрат плаќањата на долговите на фирмите. Ако банките тоа го одбијат, централната банка ќе побара од владата оваа мерка да се спроведе со декрет.