Почина Љубисав Иванов-Ѕинго

Ljubisav Ivanov Zingo pocinat
Ljubisav Ivanov Zingo pocinat

Во својата 84. година, почина Љубисав Иванов- Ѕинго, поранешен долгогодишен пратеник, градоначалник на Кратово и претседател на Социјалистичката партија. Ѕинго беше поранешен претседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија во периодот од 1993-1999, долгогодишен истакнат фудбалски работник како и прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на ФФМ.

Zito akcija 640x289px

Љубисав Иванов Ѕинго е роден на 8.  ноември 1936 година во с. Трновац, Кратово. За претседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија (ФСМ) беше избран на 7. февруари 1993 година. Под негово водство, Фудбалскиот сојуз на Македонија стана полноправен член на најважните фудбалски организации, ФИФА и УЕФА. Како претседател на ФСМ ја предводеше македонската делегација и нашиот национален состав на првиот официјален натпревар на А репрезентацијата на Македонија во Крањ, Словенија во 1993 година.

Agria

Член и претседател на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ). Вкупното негово пратеничко искуство е 30 години – како пратеник во Сојузното собрание во поранешна СФРЈ, а од осамостојувањето на Република Македонија и пратеник во Собранието на РМ.

Mожеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: