Тројца велешани починаа утрово, велешката болница се полни со ковид пациенти

infektivno veles
infektivno veles

Тројца велешани починаа утрово во велешката болница. Двајца од нив, маж на 78-години и жена на истата возраст, имале позитивен тест на коронавирус. Третиот починат пациент е маж на 71-годишна возраст, кој бил примен вчера без тест, но бил во тешка состојба со многу ниска сатурација и пневмонија, типична за ковид-19. Со новите тројца починати, досега битката со коронавирусот ја загубија 45 велешани.

Zito akcija 640x289px

Денеска е забележан и најголем број хоспитализирани во велешката болница поради ковид-19. На трите одделенија се сместени 88 пациенти, од кои 73 имаат потврдени позитивни тестови, деветмина се сомнителни случаи, а шест имаат негативни контролни тестови. Дури 30 пациенти имаат потешки симптоми и добиваат кислородна поддршка. На инфективното одделение се сместени 59 пациенти, на одделенитео за физикална терапија има 14, а на интерното одделение се хоспитализирани 15 пациенти.

Agria

Во Велес во моментов има 762 активни случаи со коронавирус. Од почетокот на пандемијата се заразија 1469 велешани, а од нив вирусот го победија 665 пациенти.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: