Реклама

Бугарија стави вето за Македонија

Sofija

Соседна Бугарија го прекрши договорот за добороседство и нема да ја поддржи земјава за старт на преговорите со европската Унија, соопшти премиерот Зоран Заев веднаш штом ја доби информацијата од состанокот на амбасадорите на земјите членки на ЕУ.  На состанокот бугарскиот преставник го потворил ставот на официјална Софија, нема поддршка бидејќи не се исполнети делови од дроговорот за добрососедство.

Zito akcija 640x289px

Првата фаза е блокирана и ова е непријтна порака кажа премиерот Заев.

Agria

Премиерот е оптимист, верува дека ќе се најде заеднички јазик и решение со Бугарија. Разговорите и комуникацијата меѓу работните групи во двете министерства за надбворешни работи продолжуваат а ставот на македонската страна е дека нема да има никаков нов договор или анекс на постоечкиот договор за добрососедство.

Откако  денеска на состанокот на Амбасадорите на земјите членки на ЕУ не е постигнат консензус, дисусијата за Преговарачката рамка ќе се префрли на Советот на министри кој е презакажан од 10 за 17 Ноември. Но не се отфрла можноста и за уште еден вонреден Совет на министри на 10 Декември, со што би се оставил простор за можен компромис и почток на преговорите на крајот од германското претседавање со ЕУ.

Во последниот предлог на Преговарачката рамка, од германското претседателство, во кој како што Телма веќе објави не се содржани барањата на Бугарија за посебно поглавје кое би го опфатило спроведувањето на договорот за добрососедство и сите идентитиетски и истотиски пршања со кои Бугарија ја условува својата согласност.
Во два дела од Рамката – преамбулата и во дел од текстот се споменува директно обврската на земјата да покаже „видливи резултати„ во спроведувањето на двата договори- Преспанскиот со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија.

Шефицата на Бугарската дипломатија Екатерина Захариева пред два дена изјави дека бугарската поддршка за Македонија никогаш не била безусловна и дека историските прашања не се единствениот проблем. За бугарскиот претседател Радев пробел е и говорот на омраза.

Во рамките на Берлинскиот процес на почетокот на идната недела е закажан самит во Софија каде копретседатели се македонија и Бугарија но тој најверојатно ќе се одржи он лајн поради тоа што во моментов изоалција се и Захариев и премиерот Борисов.

Извор: telma.mk

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15687/kire-lazarov-pozitiven-na-koronavirus/