Советот за безбедност ќе и предложи на Владата да прогласи кризна состојба за цела држава

Sovet za bezbednost na RSM

Советот за безбедност ќе и предложи на Владата да прогласи кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија во траење од 30 денови, соопшти претседателот Стево Пендаровски кој додаде дека состојбата со коронавирусот е исклучително сериозна.

Zito akcija 640x289px

„Во моментов ние имаме прогласено кризна состојба на северната и јужната граница во врска со илегалните преминувања на мигранти и бегалци и во тие подрачја војската и полицијата работат заедно. Сега таквата соработка, откако ќе биде декларирана кризна состојба, ќе биде овозможена буквално на целата територија на земјата“, посочи Стево Пендаровски.

Agria

Претседателот Пендаровски во неговата изјава, посочи и дека важна разлика во законската можност со прогласувањето на кризната состојба, е тоа што Владата ќе може да управува со ресурсите на органите на државната управа, јавните претпријатија, општините и на градот Скопје, но тука вклучувајќи ги и трговските друштва, односно приватните здравствени установи, рече тој.

Тој појасни дека не станува збор за национализација на приватните болници, туку евентуално за управување со нив во битката со пандемијата, додавајќи дека тоа ќе се врши во обем во кој Владата ќе процени дека е неопходно.

Ова ќе биде прв пат во Македонија да биде прогласена кризна состојба на цела територија.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: