Почина 55-годишен велешанец од ковид-19

Veleska bolnica 997x485
Veleska bolnica 997x485

55-годишен велешанец утрово почина на инфективното одделение на велешката болница, како последница од компликации со ковид-19. Тој е еден од двајцата велешани, кои во последните 24 часа ја загубија битката со коронавирусот. Во велешката болницавчеравечер почина и 75-годишен велешанец. Со нив, од почетокот на пандемијата до денеска од коронавирус починаа 46 велешани.

Zito akcija 640x289px

Во велешката болница денеска има 84 пациенти хоспитализирани поради проблеми со ковид-19. Од нив, 69 имаат позитивни тестови, седуммина се сомнителни случаи, а осум се со негативни тестови, но сèште им е потребно болничко лекување. На инфективното одделение се хоспитализирани 54 пациетни, на одделението за физикална терапија 20 и на интерното одделение 10 пациенти.

Agria

Од почетокот на пандемијата со коронавирус се заразија 1551 велешанец. Од нив 738 оздравена, а активни случаи на коронавирус се сè уште 769 граѓани .

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: