И денес висок број на заразени од коронавирус во Велес и државата

infektivno veles
infektivno veles

Повторно високи бројки на заразени во Велес. денес се регистрирани нови 42 позитивни случаи на ковид 19, со што бројката на активни случаи е754. Бројката на оздравени според Институтот за јавно здравје е 52. За жал има двајца починати.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 1198 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-572, Куманово-41,  Дебар-1, Штип-49, Прилеп-53, Тетово-28, Струга-34, Велес-42, Битола-92, Охрид-42, Кавадарци-18, Гостивар-11, Гевгелија-3, Струмица-34, Крива Паланка-11, Радовиш-6, Крушево-6, Кочани-14, Пробиштип-5, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Пехчево-7, Берово-19,  Валандово-9, Виница-11, Делчево-11, Кратово-5,  Свети Николе-20, Кичево-33, Ресен-4, Неготино-11.  

Agria

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 621 оздравени пациенти, починати се 26 лица, осум пациенти од Скопје (72, 67, 88, 61, 87, 83, 59 и 67г), еден од Куманово (80г), еден од Штип (67г), двајца пациенти од Прилеп (73 и 60г), двајца од Тетово (71 и 56г), двајца од Струга (68 и 37г), двајца од Велес (76 и 55г), четири пациенти од Битола (35, 73, 55 и 82г), тројца од Охрид (46, 67 и 35г) и еден пациент од Гостивар (53г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 51213, бројката на оздравени пациенти е 30204, на починати е 1423, а бројот на активни случаи изнесува 19586.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: