Српскиот патријарх Иринеј (90) почина утрово во Белград како последици на коронавирусот, пренесуваат српските медиуми.
Иринеј е во болница од 5 ноември поради зараза со коронавирус, а синоќа неговата состојба одеднаш се влоши.
Тој се бореше со коронавирусот 15 дена и беше под постојан медицински надзор во болницата.
Српскиот патријарх заврши во болницата четири дена по погребот во Црна Гора, на црногорскиот митрополит Амфилохије, а Иринеј го водеше погребот . Митрополитот на Српската православна црква во Црна Гора, Амфилохије (83), почина на 30 октомври од последиците на ковид-19.
Неговиот погреб епидемиолошки се претвори во настан со висок ризик. Луѓето масно притискаа и туркаа во желба да го бакнат или допрат телото на митрополитот кој беше позитивен на коронавирус неколку дена порано.
Можеби ќе ве интересира: