Реклама

(ФОТО) На велешкото езеро „Младост“ ќе се гради регионално игралиште за деца со попреченост

Општина Велес преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион доби поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа за реализација на проектот „Инклузивен туризам – рекреативни содржини и услуги за еднаков  пристап до туристичката атракција Езеро Младост“.

Zito akcija 640x289px

Проектот  кој го подготви Општина Велес во соработка со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион е поддржан со финансиски средства во висина од околу 9 милони денари  и треба да се реализира до мај 2021 година.

Agria

Проектот кој пред јавноста го презентираше градоначалникот Аце Коцевски предвидува уредување и опремување на инклузивно игралиште со две тактилни патеки и реквизити соодветни за користење од страна на деца и лица со попреченост и од страна на посетителите од земјата и од странство.

Парцелата за уредување на игралиштето е лоцирана веднаш до парцелата на постојниот еко-камп на чие уредување се работи во рамките на проектот СМАРТ езеро Младост финансиран од ЕУ и управуван од проектната единица на ПРЛК.

Со оваа активност ќе се подобрат условите за рекреација во околината на езерото  на децата и лицата со попречености од Вардарскиот плански регион.

Како  што нагласи Коцевски додадена вредност на проектот е новата уредена плажа со пристап за лица со попреченост за што општината годинава  инвестираше 200.000 денари.

Со овој значаен проект, децата и лицата со попречености ќе добијат можност со помош на специјализирани реквизити и соодветна инфраструктура да уживаат во нови,  атрактивни содржини за забава и рекреација и да се дружат со своите врсници покрај езерото.

Ова е еден од ретките проекти во државата за инклузивен  развој на туризмот.

Можеби ќе ве интересира: