Во Словенија се потврдени 1.302 случаи со Ковид-19, а 59 пациенти починале, што e најмногу од почетокот на епидемијата.
Според последните податоци, епидемијата во Словенија сè уште не се смирува, бидејќи вчера неофицијално беа потврдени 1.302 случаи на инфекција со коронавирус, со извршени 5.596 тестови.
Во моментов има 20.337 активни случаи на инфекција во земјата, а процентот на позитивни резултати е 23,27 отсто.
Во болниците ширум Словенија има 1.299 пациенти, од кои 204 се на интензивна нега.
Можеби ќе ве интересира: