Реклама

(ВИДЕО) Превалец го торпедираше Младост од Кривогаштани

Prevalec - Mladost

Екипата на Превалец продолжува да реди победи на домашен терен. Во рамките на осмото коло од трета лига југ, совладана беше екипата на Младост од Кривогаштани со високи 6 : 1.

Zito akcija 640x289px

За одбележување е тоа што гостинските екипи втор натпревар по ред не го доигруваат поради недоволен број на играчи во поле.

Agria

Локомотива од Градско одново беше убедлива на домашен терен совладувајќи ја екипата на Марана со високи 7 : 0, додека Илинден од Башино село беше поразен во Крушево од екипта на Питу Гули со резултат 4 : 1.

Резултати од осмото коло на трета лига југ:

Питу Гули – Илинден БС 4 : 1

Ново Црнилиште – Динамо 5 : 1

Превалец – Младост Кривогаштани 6 : 1

Дојранско езеро – Братство 2 : 0

Младост Удово – Големо Коњари 8 : 5

Локомотива – Марена 7 : 0

Напредок Крушеани – Обршани 0 : 2

Во следното девето коло Локомотива од Градско гостува во Башино село кај Илинден, додека фудбалерите на Превалец гостуваат кај Динамо.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16001/lisheno-od-sloboda-27-godishno-momche-po-koe-bila-raspishana-poternicza/