Почина велешанец од коронавирус во велешката болница

infektivno veles

Велешанец на 78-годишна возраст почина во велешката болница, како последица од компликации предизвикани од коронавирус. Тој имал потврден позитивен тест на ковид-19. Починатиот велешанец е 61 жртва на коронависрус во градот од почетокто на пандемијата.

Zito akcija 640x289px

Денеска во велешката болница има 71 пациент, хоспитализирани поради ковид-19. Од нив 60 имаат потврдени позитивни тестови, четорица се сомнителни случаи, а седуммина имаат негативни тестови. На кислородна поддршка се 27 пациенти. На инфективното одделение се сместени 48 пациенти, на одделението за физикална терапија има 16 пациенти, а на интерно одделение се хоспитализирани седум пациенти.

Agria

„Интерно одделение во болницата официјално не е Ковид одделение, туку само се прифаќаат пациентите, кои имаат потреба од дополнително лекување, а кои веќе имаат негативни тестови. Пациентите кои се хоспитализираат на интерно поради други болести, а во меѓувреме се тестираат и се Ковид позитивни, лекувањето го продолжуваат на инфективното одделение“, појаснува др. Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.

Од почетокот на пандемијата до денес во Велес од коронвирус се заразија 1812 граѓани. Од нив се излечија 1041, а како активни случаи се уште се водат 711.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16009/raste-pritisokot-vrz-kovid-ambulantite-na-istokot-od-drzhavata/