Министерството за здравство доцна вечерва информира дека во текот на изминатото деноноќие се регистрирани нови 336 случаи на Ковид-19 во земјава од 1181 направени тестови.
Состојбата по градови е следна:
Скопје 95-Куманово 10-Штип 12-Прилеп 27-Тетово 11-Струга 1-Велес 30-Битола 34-Охрид 1-Кавадарци 7-Гостивар 41-Гевгелија 7-Струмица 7-Крива Паланка 3-Радовиш 10-Крушево 1-Пробиштип 1-Демир Хисар 1-Берово 3-Валандово 1-Виница 3-Делчево 1-Кратово 1-Свети Николе 6-Кичево 14-Ресен 2-Неготино 6.
Починати се 32 лица, дванаесет пациенти од Скопје (66, 59, 81, 69, 57, 68, 73, 80, 85, 67, 77 и 82г), двајца од Прилеп (70 и 55г), тројца од Тетово (64, 79 и 67г), двајца од Струга (67 и 74г), еден пациент од Велес (51г), двајца од Охрид (70 и 74г), еден од Кавадарци (77г), еден од Гостивар (61г), двајца од Струмица (63 и 66г), двајца од Радовиш (62 и 70г), еден пациент од Кочани (64г), еден од Делчево (78г), еден од Кичево (64г) и еден пациент од Неготино (55г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 544 оздравени пациенти од:
Скопје 235-Штип 42-Прилеп 72-Тетово 26-Струга 1-Велес 54-Кавадарци 21-Гевгелија 10-Крива Паланка 6-Радовиш 4-Крушево 1-Кочани 25-Пробиштип 2-Пехчево 1-Берово 9-Виница 2-Делчево 10-Кратово 2-Свети Николе 7 -Неготино 14.
Досега во Македонија се направени вкупно 332. 286 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 61878, бројката на оздравени пациенти е 38946, на починати е 1763, а бројот на активни случаи изнесува 21169.
Од почетокот на епидемијата починаа 66 велешани.
Moжеби ќе ве интересира: