Маријан Младеновски ќе ја дели правдата на натпреварот Борец Струга Трим Љум

borec-vardar
borec-vardar

Продолжуваат натпреварите од Првата фудбалска лига на Македонија. Фудбалерите на Борец во среда со почеток од 13 часот ја пречекуваат екипата на Струга Трим Љум.

Zito akcija 640x289px

Младиот арбитар Маријан Младеновски ќе биде главен судија на натпреварот , а помошници ќе бидат Василевски Даниел и Ицковски Филип сите од Скопје.

Agria

 Шкендија и Македонија ЃП ќе се судрат во дербито на колото во Тетово, а на центарот ќе стои Јован Качевски. Академија Пандев и Ренова ќе играат на теренот на Спортскиот центар „Пандев“, каде главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски.

Работнички и Пелистер ќе се соочат на Арената „Тодор Проески“ во  каде главен судија ќе биде Крумислав Ѓоргиев, додека Шкупи на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе биде домаќин на Беласица и главен арбитар е Игор Иванов од Велес.

 Во Кратово, во дуелот на екипите со шампионски титули Силекс и Вардар, ќе ја дели правдата Александар Ставрев.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: