Претседателот на црногорското граѓанско движење УРА, Дритан Абазовиќ, денес за телевизија „Вијести“ изјавил дека е вистина веста дека му биле понудени 21 милион евра, но дека би било несериозно да каже кој што му понудил. Но сепак Абазовиќ не сакаше да открие кој му ги понудил парите.
Абазовиќ тврди дека добивал понуди од сите страни и од „некои кланови“, но одби да каже кој и што му нудел.
„Вистина е дека добивав понуди од некои кланови. Не сакам од себе да правам жртва. Имам големи притисоци бидејќи влогот е огромен, кој го добивме по изборите. Но, не се чувствувам небезбедно“, изјави синоќа Абазовиќ.
Можеби ќе ве интересира: