Реклама

Филипче: Први ќе се вакцинираат здравствените работници, потоа хроничните болни и лицата над 65 години

Kovid

Приоритет за вакцинирање за Ковид-19 ќе имаат здравствените работници кои се директно поврзани со лекување пациенти со ковид-19 и оние кои земаат брисеви. Предност ќе имаат и луѓето над 65 години, хронично болните, односно лицата со респираторни, малигни и кардиоваскуларни заболувања и вработени во транспортот.

Zito akcija 640x289px

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција посочи дека обезбедени се 833 илјади вакцини за 400 илјади граѓани прекус „Ковакс” механизмот и дека во рамките на овој систем ќе се добиваат вакцините согласно планот за дистрибуција на истите.

Agria

„Обезбедени се 833 илјади вакцини за 400 илјади граѓани прекус „Ковакс” механизмот и во рамките на овој систем ќе се добиваат вакцините согласно планот за дистрибуција на истите. Покрај ова доставено е и барање до „Астра Зенека” и „Фајзер” и после тоа ги чекаме одговорите и дефинитивната потврда дека дополнителна количина ќе може да набавиме директно од компаниите. И третиот механизам е од земјите членки на ЕУ, од кои 100 милиони вакцини се за оние земји кои не се членки. Аплициравме со понуда од Полска, преку понуда од Мицотакис до Заев од Грција и тоа се 800 илјади дополнителни вакцини. Целта е да се вакцинира 60 до 70 проценти од населението, тоа е доволно за да се стекне имунитет”, појасни Филипче.

Тој додаде дека со оваа вакцина нема да бидат опфатени децата и дека вакцината ќе биде бесплатна за граѓаните и нема да биде задолжителна.

„Вакцинирањето ќе се врши во пунктовите и болниците и сите здравствени работници ќе бидат обучени. Веќе имаме соодветна експертиза за ваков тип на вакцина. Веќе се прави сорабптка и за логистика и транспорт, имавме состаноци со повеќе економски оператори, за увоз, складирање и понуда на нивните услуги. Добивме потврда од американска фондација за фрижидери и ќе стигнат на почетокот на јануари. Тоа се ладилници со температура од минус 70 степени. Во однос за приоритети, одлука е дека први за вакцина ќе бидат здравствените работници, оние кои работат со земање на брисеви, пациентите со хронични болести, вработени во критичната инфраструктура и транспорт”, појасни Филипче.

На крајот од денешната прес конференција министерот Венко Филипче рече дека епидемијата е се уште многу силна со многу голем број на заразени.

„Имаме период на семејни собири и сите да се воздржиме од такви прослави и сигурен сум дека следната година новогодишните празници ќе ги славиме нормално”, додаде Филипче.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16312/koczevski-czenite-za-zonskoto-parkirane-vo-veles-se-slichni-na-czenite-vo-shtip-bitola-strumicza-i-kavadarczi/