(ВИДЕО+ФОТО) Шкендија го победи Борец, на поразот „кумуваа“ судиите!

Борец незаслужено и најмногу поради спорните одлуки на судијата Гоцевски, денеска ги загуби бодовите во Велес, откако беше поразен од Шкендија со 0:2. Велешани се чини дека се оштетени во три ситуации, кои директно одлучија за конечниот исход на мечот. Овие тврдења се поткрепени со фотографии и видеа од спорните ситуации, па малкумина можат да кажат дека Шкендија заслужено ја однесе победата во Велес. Во 90-те минути ниту го надигра Борец, ниту создаде повеќе шанси за гол.

Zito akcija 640x289px

Но, да почнеме по ред. Натпреварот почна отворено на двете страни, па тоа донесе по една полушанса на двете страни, во воведните минути од натпреварот. Првото вистинско возбудување пак, стигна во 10. минута, кога Тотре биеше силно кон домашниот гол, но само во рацете на добро поставениот Георгиевски. 

Agria

Малата теренска иницијативата на Шкендија донесе уште неколку закани кон голот на велешани, но ниту Елезе не ја погоди целта, додека на спротивната страна, во 17. минута по една течна акција Прелчец додаде до Ристовски, а овој распали, но само покрај голот на гостите. Неколку минути подоцна малку фалеше Ибраими да донесе водство за Шкендија, но пречката беше сојузник на неодлучниот домашен голман.

Првото возбудување се случи во 25. минута, кога Тотре одлично се проби во шеснаесетникот на Борец, а на него стартуваше стоперот на домашните Стојчевски, што за судијата Гоцевски беше пенал. Сигурен реализатор од белата точка беше Бесрат Ибраними, за водство на Шкенија.

https://streamable.com/dx0hyq

По водството Борец пропушти уште две шанси за израмнување, откако Захов не капитулираше по ударите на Ристовски и Прелчец. Во второто полувреме Борец влезе многу поофанзивно. Тренерот на велешани Гораз Михаилов во игра го внесе Радовиќ кој го замени Ефтимов, со што Прелчец доби повеќе простор за игра веднаш зад напаѓачите. Тоа резултираше со шансата на Ристовски, но и со првиот спорен момент на средбата. По една нафрлена топка во казнениот простор на гостите, Павиќ играше ненамерно со рака, но таа беше неприродно поставена и одвоена од телото, што според правилата, е пенал. И покрај силните реакции на домашните, судијата Гоцевски процени дека пенал не треба да има.

https://streamable.com/sa7vgb

Борец продолжи со нападите и подобрата игра. Се редеа шанси пред голот на Захов, а во 74. минута велешани постигнаа и гол, кој судијата Гоцевски го поништи поради наводен офсајд. Ристовски одлично го пронајде Прелчец, кој во моментот на додавањето беше во линија со последниот играч од одбраната на Шкендија. Хрватскиот интернационалец го совлада Захов, но радоста на велешани траеше кратко, откако помошникот на Гоцевски сигнализираше недозволена позиција на Прелчец. Реакциите на играчите и клупата на Борец не го предомислија главниот судија и резултатот остана 0:1.

И кога сите очекуваа гол во мрежата на Шкендија, со што Борец ќе ја круниса надмоќноста, се случи ушете еден спорен момент, кој го реши натпреварот. Во 82. минута Ибраими тргна во продор кон голот на Борец. Топка побара Дориев, кој влезе во шеснаесетникот, но и во длабок офсајд. Токму поради тоа Ибраими не го проигра него, туку додаде лево кон Зејнулаи. Наместо да упати удар кон голот, Зејнулаи додаде кон Дориев, кој од чиста офсајд ситуација дојде во позиција да ја погоди празната мрежа на Борец. Судијата покажа кон центарот, а велешани бурно реагираа кон судијата Гоцевски за очигледната недозволена позиција, од која Дориев влезе во шанса.

https://streamable.com/i35526

До крајот на натпреварот немаше многу време домашните да направат нешто повеќе. По овој пораз, Борец остана на четвртото место со 22 бода, но по утрешните натпревари од ова коло, велешани можат да паднат дури три места подолу на прволигашката табела.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: