Исчезнатите гевгеличани на планината Кожуф пронајдени живи и здрави

Kozuf planina
Kozuf planina

Двајцата гевгеличани кои се изгубија на планината Кожуф се пронајдени живи и здрави. Оваа вест ја споделија нивните роднини коишто апелираа за помош на социјалните мрежи.

Инаку, двјцата мажи на возраст од 70 години, излегле утрото на прошетка во планината. Околу 17 часот, едниот од нив му се јавил на синот дека се загубени кај месноста Круша. Синот пријавил во полиција, а подоцна таткото не успеале да го контактираат бидејќи телефонот му бил исклучен. Најверојатно се испразнила батеријата или немало мрежно покривање на теренот во којшто се движеле.

Agria

Веднаш беше организирана потрага од полициски службеници, Шумска полиција и ловџии од ловното друштво „Елен“ од Гевгелија, кои исто така се добри познавачи на теренот.

Можеби ќе ве интересира:

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: