Joван Качевски од Струга ќе биде главен делител на правдата на натпреварот од 16 коло во Првата лига меѓу Академија Пандев и Борец кој во среда (9 декември) со почеток од 13 часот се игра на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица.
На Качевски ќе му помагаат Лозаноски Злате од Битола и Разме Бакрачески од Струга, а четврти судија ќе биде Благојче Ралевски од Битола.
Шкупи и Вардар ќе се судрат во дербито на колото на Чаир, а на центарот ќе стои Димитар Мечкаровски. Шкендија ќе ја пречека Беласица во Тетово, а судија ќе биде Константин Влахо.
Во Кратово, Струга Трим Љум му гостува на Силекс , правдата ќе ја дели Крумислав Ѓоргиев.
Работнички и Ренова ќе се соочат на Арената „Тодор Проески“ во каде главен судија ќе биде Александар Грујоски, додека во Ѓорче Петров Македонија ЃП ќе биде домаќин на Пелистер и главен арбитар е Маријан Гоцевски од Струмица.
Можеби ќе ве интересира:
.