Горазд Михаилов позитивен на ковид-19, Темелков во среда на клупата против Академија Пандев

Borec - Akademija Pandev
Borec - Akademija Pandev

Тренерот на Борец Горазд Михаилов е позитивен на ковид-19 и во среда нема да може да ја води својата екипа на првенствениот натревар во Струмица, против Академија Пандев. Наместо него, со екипата на овој натпревар ќе командува неговиот помошник Ангел Темелков.

Zito akcija 640x289px

Натпреварот во Струмица доаѓа само четири дена откако велешани загубија дома од лидерот Шкендија со 0:2, во натпревар кој предизвика многу контроверзии поради три спорни одлуки, кои одеа на штета на Борец. Сепак, тренерот Михаилов и покрај изолацијата, вели дека и тој и неговите играчи и целиот стручен штаб, веќе со мислите се на следниот натпревар.

Agria

„После поразот со Шкендија, каде бевме оштетени, со мислите сме на натпреварот со Академија Пандев, тим кој според имињата заслужува респект. Сепак, ние ќе одиме да избориме добар резултат, значи одиме да се надигруваме и забележиме триумф. Сите играчи се подготвени, но јас нема да бидам на клупата поради ковид-19. Тимот ќе го води мојот соработник Ане Темелков и очекувам да ме израдуваат со победа“, рече Михаилов.

Натпреварот против Академија Пандев е во рамките на 16. коло од МПФЛ. И покрај поразот од Шкендија, Борец остана на четвртата позиција на табелата, бидејќи другите екипи не го искористија негативниот резултат на велешани. Една од екипите која му заврши работа на Борец е токму следниот противник, Академија Пандев, кој во Струга успеа да му откине бод на домаќинот Струга Т.Љ. и да не му дозволи да го прескокне Борец на табелата. Помошник тренерот Ангел Темелков, кој во улога на прв тренер принудно ќе дебитира на клупата на велешани, е уверен дека неговиот тим ќе пружи добра игра во Струмица.

„Играме тежок натпревар во фудбалска Струмица, против еден квалитетен тим кој е во незавидна ситуација на табелата и одигра солидно на гостувањето во Струга. Поразот со Шкендија е зад нас и гледаме напред, форматот на натпреварување и играњето среда – недела е напорен, но ние имаме поставено цел, која сакаме да ја постигнеме. Мотивацијата е највисоко ниво и се надеваме на добра игра и позитивен резултат за да ги израдуваме нашите фанови и сограѓани. За жал, шефот Михаилов е позитивен на ковид 19 и нема да биде со нас на утрешниот натпревар. После натпреварот со Шкендија веднаш замина во изолација и чекаше тест, кој го доби денес, а тој е позитивен. Ние за него утре ќе оствариме позитивен резултат“, рече Темелков.

Ангел Темелков и Горазд Михаилов

Голманот на Борец Микица Георгиевски два натпревари по ред ја добива шансата меѓу стативите од првата минута. И тој го респектира домаќинот, но вели дека неговата екипа е подготвена со нови бодови да се задржи во врвот на табелата.

„Не очекува тешко гостување, Академија Пандев во меѓувреме е во резултатска криза, но тоа не треба да не залажува. Сите знаеме дека станува збор за многу дисциплинирана екипа, со добри индивидуалци, меѓутоа ние сме подготвени за овој натпревар и, како и секогаш, одиме на позитивен резултат, кој ќе не задржи во горниот дел на табелата“, рече голманот Георгиевски.

Во 15. одиграни кола, Академија Пандев има само три победи и две ремија и се наоѓа на претпоследното место на табелата. Нивниот мотив да не загубат е огромен, а три бода за нив би значеле држење чекор во битката за опстанок. Сепак, во меѓусебните дуели Борец има позитивен скор. Во петте одиграни натпревари, велешани имаат две победи и еден пораз, а два меча завршија нерешено, од кои еден беше пријателски. Нивниот последен меѓусебен дуел беше пред речиси три месеци кога Борец победи со 2:0, со головите на Фернандо Силва и Прелчец.

Помошник тренерот Темелков за натпреварот со Академија Пандев поради повреда нема да може да смета на Оливер Пеев и Мики Митров, но во тимот се враќа Ѓорѓи Ѓорѓиев. Натпреварот во Струмица се игра во среда (09.12.) и почнува во 13 часот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: