Бројот на заразени со Ковид-19 во последните 24 часа повторно над илјада, во Велес повеќе оздравени од заразени во изминатото деноноќие

Infektivno Veles 997x485
Infektivno Veles 997x485

Нови 1120 случаи на коронавирусот се регистрирани во последните 24 часа. Од нив, 31 се во Велес, каде што има и 41 оздравен пациент. Во изминатото деноќие на територија на градот Велес двајца починати пациенти како последица од Ковид-19.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 2993 тестирања, а регистрирани се 1120 нови случаи на ковид-19 во:

Agria

Скопје 507-Куманово 60-Штип 30-Прилеп 52-Тетово 37-Струга 35-Велес 31-Битола 36-Охрид 49-Кавадарци 33-Гостивар 56-Гевгелија 8-Струмица 43-Крива Паланка 6-Радовиш 10-Крушево 3-Кочани 16-Пробиштип 2-Демир Хисар 1-Македонски Брод 1-Пехчево 6-Берово 15-Валандово 5-Виница 7-Делчево 25-Кратово 2-Свети Николе 4-Кичево 16-Ресен 8-Неготино 16.

Починати се 28 лица, седум пациенти од Скопје (74, 63, 83, 69, 79, 82 и 72г), еден од Куманово (71г), еден од Штип (81г), пет пациенти од Прилеп (66, 80, 61, 76 и 55г), еден од Струга (77г), двајца од Велес (72 и 75г), еден од Битола (45г), еден од Охрид (77г), еден од Кавадарци (71г), двајца од Гостивар (51 и 49г), еден од Гевгелија (72г), двајца од Струмица (56 и 80г), еден од Делчево (65г), еден од Ресен (53г) и еден пациент од ПЕ Неготино-Демир Капија (68г). Пациентите се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје во изминатото деноночие регистрира 916 оздравени пациенти од:

Скопје 263-Куманово 52-Дебар 4-Штип 42-Прилеп 61 -Тетово 35-Струга 29-Велес 41-Битола 79-Охрид 36-Кавадарци 24-Гостивар 62-Гевгелија 15-Струмица 24-Крива Паланка 12-Радовиш 8-Крушево 1-Кочани 12-Пробиштип 5-Демир Хисар 2-Пехчево 3-Берово 10-Валандово 3-Виница 10-Кратово 2-Свети Николе 14-Кичево 39-Ресен 2 -Неготино 26.

Досега во Македонија се направени вкупно 352.735 тестирања на Ковид -19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 69452, бројката на оздравени пациенти е 45621, на починати е 1977, а бројот на активни случаи изнесува 21854.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: